Се уредува селската чешма во село Габрово

Со реконструкција и уредување на просторот на селската чешма во селото Габрово, започна акцијата за уредување на селските чешми која ќе се спроведува во неколку населени места во Општина Делчево.

Градоначалникот Горан Трајковски направи увид во текот на работите при што истакна дека акцијата за уредување на селските чешми е на барање на жителите,  а работите ги изведува ЈКП „Брегалница“ како редовна активност предвидена во програмата за работа.

-Селските чешми се најпосетувани места во едно село, тука обично се собираат повозрасни жители за разговор, но и помлади за игра. Затоа, чувствуваме обврска да го уредиме овој простор и да направиме соодветно катче кое ќе одговара на потребите на жителите, а воедно со оваа интервенција ќе се преземат мерки и да се сопрат загубите на вода, истакна градоначалникот Трајковски.

Уредувањето на селските чешми предвидува и уредување на просторот околу чешмата, обложување со камен и поставување урбана опрема. Во акцијата за уредување на селските чешми, освен с. Габрово ќе се реализираи  во с. Вирче и с. Град.

Инаку, градоначалникот Трајковски оствари и средба со жителите на Габрово на која се разговараше за актуелните проблеми и иницијативи на жителите кои се во насока на подобрување на квалитетот на животот на жителите во ова населено место во Делчево.

0Shares
0