Објавен тендерот за големиот инфраструктурен проект во Делчево

Министерството за транспорт и врски го објави тендерот за градежни работи за подобрување на инфраструктурата на локалните патишта на избрани општини согласно изработени основни проекти за градежни работи, а во рамките на Проектот за поврзување локални патишта во РСМ”, кој МТВ го реализира со финансиска поддршка на Светска банка, објави денеска министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

Во рамките на овој проект на Општина Делчево се доделени вкупно 781.714,36 евра, а во првата фаза ќе се реализираат проектите: реконструкција на ул „Орце Николов“ во должина од 500 м. со изградба на тротоари, реконструкција на ул. „Скопска“ во должина од 250 м. со изградба на тротоари, реконструкција на дел од ул „Острец“ во должина од околу 50 м. со изградба на потпорен ѕид и тротоари, кој претставува црна точка во сообраќајот; како и изградба на стариот локален пат Делчево-Тработивиште во должина од 5,3 км заедно со инсталирање систем за одводнување со отворен канал и пропусти.

Градоначалникот Горан Трајковски истакна дека со реконструкцијата на овие улици ќе се придонесе кон значително подобрување на состојбата со патната инфраструктура во Општината, решавање клучни проблеми, а секако и подобар квалитет на животот на граѓаните, бидејќи станува збор за улици кои се доста фреквентни, а сето тоа ќе влијае и на локалниот економски развој.

Со средствата што остануваат на Општина Делчево по реализацијата на првата фаза од вкупниот определен износ, ќе се реализираат и други инфараструктурни проекти кои ќе бидат одбрани како приоритети за граѓаните, односно преку месните и урбаните заедници, всушност, како што течеше постапката и за првата фаза од реализацијата на големиот инфраструктурен проект за Делчево. Сакам да истакнам дека овој проект покрај општествената одговорност има за цел подобрување на пристапот на граѓаните до услугите и објектите од јавен интерес, како и зголемување на мобилноста и безбедноста во сообраќајот, истакна Трајковски.

0Shares
0
Големина на фонт
Контраст