Се подготвува Клуб за социјална инклузија за возрасни лица со посебни потреби

Во Дневниот центар за лица со посебни потреби во Делчево започнаа подготвителните активности за реализација на проектот „Клуб за социјална инклузија „Интегра“ финансиски поддржан од МТСП, а ќе го реализира НВО „Бравура Кооператив“ во период од 18 месеци. Вкупната вредност на проектот е 2,3 милиони денари.

Градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, денеска го посети центарот со цел да се запознае со условите и планираните активности, при што потенцираше дека реализацијата на овој проект е уште еден доказ дека и во услови на пандемија и сериозни економски последици, се продолжува со вистинска грижа за сите граѓани, особено за најранливите.

 -Реализацијата на проектот Клуб за социјална инклузија „Интегра“ ќе донесе подобар квалитетот на живеење на лицата со посебни потреби во Општина Делчево, преку развој и унапредување на нови алтернативни форми на социјални услуги. Пред стартот на инвестицискиот дел од проектот, како градоначалник сакам да се запознаам со условите, планираните активности и евентуалната поддршка што би била потребна од локалната самоуправа со цел да се имплементира оваа Програма која нуди нова организирана форма на услуга за рехабилитација, професионална ориентација и социјализација на возрасни лица со посебни потреби, истакна Трајковски.

Во рамките на Клубот за социјална инклузија е планирано да се опфатат 12 возрасни лица со посебни потреби и да се ангажираат дополнително 5 стручни лица за работа со овие лица.

-Овој проект значи унапредување и трансформација на услугите, проширување на услугите на самиот Дневен центар, бидејќи со него се внесуваат лица без разлика на нивниот степен на попреченосткои кои ќе развиваат работни вештини кои ќе им послужат за нивно работно интегрирање. Ова е всушност, почеток на еден вид  социјално претприемништво кој започнува од Дневниот центар во Делчево. Во овој период ќе бидат опремено комплетно просториите со машини за изработка на восочни производи- ароматизирани свеќи, техника за грнчарски производи и сл, по што следува вториот дел кога ќе се внесат самите корисници, истакна Александар Николов од „Бравура кооператива“.

Инаку, во делот на социјалната заштита и унапредување на услугите, градоначалникот Трајковски истакна дека се работи интензивно и посветено и на подобрување на условите за престој на децата во детската градинка и на зголемување на опфатот на децата во градинка.

 Продолжуваат инвестициите во изградба, реконструкција и проширување на детската градинка во ДелчевоИнтензивно се работи на реконструкција на простории за детска градинка во с. Разловци, но и проектираме нова детска градинка со капацитет од 160 дечиња во населбата Расадник, истакна Трајковски.

0Shares
0
Големина на фонт
Контраст