Од денеска нови рестриктирвни мерки во заштита на здравјето

Од денеска, 06.04. 21 (вторник), па до 20.04. 21 (вторник) се засилуваат мерките за заштита од корона вирусот.

Здравјето во моментов е приоритет,затоа се донесени порестриктивни мерки.

  • Забрана и посебен режим на движење на граѓаните на територијата на целата држава, од 20:00 до 05:00 часот, почнувајќи од 6 април до 20 април;
  • Целосна забрана за посетители во сите угостителски објекти, кафетерии, ресторани, барови, клубови и други објекти, кои во склоп на истиот даваат угостителски услуги, како и угостителски објекти, дел за исхрана во угостителските објекти за сместување, хотели, мотели, хостел, пансион и други објекти за сместување или на бензиски станици. Може да се остварува продажба на алтернативни начини: онлајн или телефонски нарачки и слично преку достава или самостојно подигнување на нарачката надвор од угостителскиот објект преку штанд/пулт, почнувајќи од 7 април до 20 април;
  • Целосна забрана за посетители и гости во сите вежбални, фитнес- клубови, спортски центри и сали наменети за вежбање, почнувајќи од 6 април до 20 април;
  • Се забранува организирање, одржување и присуство, учество на секаков вид на семинари, обуки, работилници, курсеви, конференции и други настани од ваков вид почнувајќи од 6 април до 20 април;
  • Останува на сила забраната за групирање на повеќе од четворица граѓани.

Упатуваме апел до сите граѓани да ги почитуваат мерките за заштита од вирусот Ковид-19 и ги повикуваме граѓаните секој индивидуално да даде свој придонес во борбата со коронавирусот и да им помогне на здравствените работници, во оваа исцрпувачка битка која трае повеќе од една година.

0Shares
0
Големина на фонт
Контраст