Хуманитарна мисија за помош на пензионерите со ниски приходи

Прехранбени и хигиенски пакети денеска добија 10 пензионери од Делчево кои имаат ниски приходи и живеат во социјален ризик. Пакетите се дитрибуираа согласно со евиденцијата на делчевското Здружение на пензионерите кое е и иницијатор на хуманитарната акција, а која се реализира со поддршка на Општина Делчево и ОО на Црвениот крст Делчево.

Како што истакна претстедателката на Здружението на пезнионерите, Виолета Арсовска, акцијата е во насока да се помогне на семејствата на пезнионерите.

-Изразувам благодарснот до градоначалникот и Општина Делчево за перманентната поддршка што ја добива Здружението, посебно во оваа прилика, кога донираме на најсиромашните пензионери. Денеска ќе опфатиме дел од пензионерите кои сме ги евидентирале, а со наредна акција ќе се опфатат и другите пензионери, рече Арсова.

Градоначалникот Трајковски потенцираше дека Општината е перманентно активно вклучена во хуманитарни акции.

-Соочени со актуелната пандемија со која живееме една година и која најмногу удира на ранливите категории граѓани, но и во пресрет на верските празници Велигден и Рамазан-Бајрам, одлучивме да се вклучиме во хуманата мисија на иницијатива на Здружението на пензионерите и да помогнеме на пензионери од нашата Општина кои имаат ниски приходи, но и да им покажеме дека не се сами дека бараме начини да им помогнеме од секој аспект на живеењето. Ја поздравувам оваа иницијатива на Здружението и изразувам благодарност до ОО на Црвениот крст во Делчево за нивната подготвеност да излезат пресрет на луѓето на кои им треба помош и сакам да истакнам дека овие организации, секогаш како партнер во хуманитарните мисиии ја имаат и Општина Делчево, рече Трајковски.

Соработката меѓу Општина Делчево и ОО на Црвениот крст во Делчево се добар пример за институционална соработка која значи помош за најранливите категории, истакна Ивана Ангеловски   од ОО на Црвениот крст во Делчево.

Како резултат на оваа соработка, изминатава година во Делчево се поделени над 40 пакети на социјално загрозени семејства. Хуманите граѓани и фирми во Делчево ќе имаат можност да ја покажат својата хуманост во рамките на Неделата на солидарноста која ќе ја организира Црвениот крст на РСМ.

 

0Shares
0