Градоначалникот Трајковски на онлајн час по општество во ООУ „Св.Климент Охридски“

Градоначалникот Трајковски денеска присуствуваше на онлајн час по предметот општество во ООУ „Св.Климент Охридски“ во класот на наставничката Васка Филиповска, како дел од активностите во наставната програма по овој предмет и со цел запознавање со работата и ингеренциите на градоначалникот и на Општината.

За време на часот, учениците се интересираа за повеќе теми, за поголема безбедност во сообраќајот, за поставување урбана опрема и изградба на скејт-парк и аква парк и повеќе содржини за младите во градот.

Трајковски, освен што одговараше на прашањата на учениците, ги истакна и должностите на градоначалникот и начинот на кој функционираат Советот, одделенијата и секторите во Општина Делчево, посочувајќи и низа проекти кои се реализираат во Делчево со цел подобрување на квалитетот на животот на граѓаните.

Инаку, во рамките на предметот општество, секоја година учениците од 4 одделение од двете основни училишта во градот ја посетуваа админситративната зграда на Општина Делчево и остваруваа средби со градоначалникот, но оваа година поради актуелната пандемија, часовите ќе се одржуваат онлајн со учениците.

0Shares
0
Големина на фонт
Контраст