Селектирај отпадни батерии, избери чиста околина

Општина Делчево и „Нула отпад“ реализираат акција  „Селектирај отпадни батерии, избери чиста околина“ со цел едукација на најмладите за штетните последици од загадувањето на околината со електронски отпад и под мотото дека само преку еколошки ангажирани деца можеме да направиме промени во размислувањата и ставот на човекот кон природата и животната средина.

Заа таа цел во ООУ „Св.Климент Охридски“, ООУ„Ванчо Прке“ и детската градинка „Весели цветови“ се доставени околу 500 садови за собирање отпад од батерии.

Со цел оваа целна група да биде едуцирана и запозната со сите негативности и последици кои ги носат загадувањата на сè што нè опкружува од неконтролираното фрлање на електронскиот и електричниот отпад и начинот на кој треба да се постапува со него,  дистрибуирани се и постери, но и видеоматеријал кој ќе им биде проектиран и со кој на полесен и попристапен начин децата ќе се запознаат со потребата од селектирање на отпадот, најпрво, во најтесното опкружување-семејството, а потоа и во училиштата и пошироката средина во која живеат.

0Shares
0
Големина на фонт
Контраст