Трајковски ја донираше априлската плата за хумани цели

Побогата празнична трпеза за 40 христијански и муслимански семејства обезбеди градоначалникот на Делчево Горан Трајковски кој ја донираше априлската плата за хумани цели. Во пресрет на велигденските и рамазанските празници,  по 20 прехранбни пакети за семејства кои живеат во социјален ризик беа дистрибуирани до градската црква „Света Богородица“ и до Џамискиот одбор од градската џамија „Султан Мехмед Фатих ıı “, каде одговорните лица ќе ги распределат пакетите до своите верници на кои оваа помош им е непоходна и добредојдена.

Целта на хуманитарната мисија  на Трајковски е да се помогне на семејствата достоинствено да ги прослават големите празници и да се покаже со дела дека никој во општината не е заборавен.

Инаку, ова не е прва хуманитарна акција на Трајковски. Претходните години тој на четири многудетни семејства од  Разловци, Тработивиште, Вирче и Илиово, како и на семејство чија куќа изгоре во пожар во селото Русиново, донираше мебел за подобрување на условите на живот на овие семејства.

0Shares
0