Покана за одбележување 118 години од убиството на револуционерот Гоце Делчев

По повод одбележувањето на 118 -годишнината од смртта на револуционерот и патрон на градот, Гоце Делчев, Општина Делчево организира пригодна свеченост на 4 мај во 10:00 ч пред споменикот на револуционерот Делчев во центарот на градот.

По тој повод, Општина Делчево ги поканува сите заинтересирани граѓани, институции, политички партии и здруженија на граѓани кои сакаат да присуствуваат на настанот и да положат свежо цвеќе пред споменикот на Делчев, тоа да го направат почитувајќи ги актуелните препораки за заштита од болеста ковид -19, односно задолжително да носат заштитни маски за лице и да држат растојание од 2 метри за време на настанот

0Shares
0