Се реконструираа селските чешми во селото Град

Заврши реконструкцијата на двете селски чешми во селото Град. Реконструкцијата подрзабира санација на чешмите и соодветно обложување со камен, со што се подобрува и функционалноста и изгледот на селските чешми, се намалуваат загубите на вода, а просторот дополнително ќе биде доуреден и ќе бидат поставени и клупи за седење.

Селските чешми се најпосетувани места во едно село, тука обично се собираат повозрасни жители за разговор, но и помлади за игра. Затоа, оваа активност ќе придонесе да се создаде соодветен простор за потребите на жителите.

Активноста за уредувањето на селските чешми ќе продолжи и во селата Вирче и Габрово.

0Shares
0