Покана за одбележување на 9 Мај- Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа

По повод одбележувањето на Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа,9 Мај, Општина Делчево организира пригодна свеченост на 9 мај (недела) во 10:00 ч пред споменикот на паднатите борци во центарот на градот.

По тој повод, Општина Делчево ги поканува сите заинтересирани граѓани, институции, политички партии и здруженија на граѓани кои сакаат да присуствуваат на настанот и да положат свежо цвеќе пред споменикот на паднатите борци, тоа да го направат почитувајќи ги актуелните препораки за заштита од болеста ковид -19, односно задолжително да носат заштитни маски за лице и да држат растојание од 2 метри за време на настанот

0Shares
0