Исчистена дивата депонија кај манастирот „Св. Богородица Балаклија“

  • Новости

Вработените во ЈКП „Брегалница“ денеска ја чистеа дивата депонија кај манастирот „Св.Богородица Балаклија“. Административните и другите вработени во фирмата активно се вклучија во акцијата за чистење на дворот и околината на манастирскиот комплекс Св.Богородица Балаклија“ и порачаа дека очекуваат денешната акција да даде придонес за подигање на свеста кај граѓните за зачувување на чиста и здрава животна околина.

Инаку, изминатиов период, екипите на ЈКП „Брегалница“ интензивно работеа на чистење на дивите депонии во Општината согласно со нивната Програма за работа.

Shares