Реконструирана селската чешма во с. Вирче

  • Новости

Заврши реконструкцијата на селската чешма во селото Вирче. Реконструкцијата подрзабира  санација и соодветно обложување со камен, како и уредување на просторот околу чешмата со што се создава соодветен простор за потребите на жителите. Со реконструкцијата се подобрува и функционалноста и изгледот на селската чешма.

Активноста за уредувањето на селските чешми опфати неколку села во Општината. Досега се реконструирани две селски чешми во с. Град, а ќе се уредат и селските чешми  во селата Габрово и Ѕвегор.

Инвестицијата за реконструкција на селските чешми е на Општина Делчево, а работите ги изведуваат екипи на ЈКП „Брегалница“.

Инаку, деновиве започнува и реконструкцијата и на детските игралишта во селата и поставување соодветна урбана опрема.

Shares