АКЦИЈАТА „СТАВИ ПОЈАС“ реализирана во Делчево. Стави појас и патувај безбедно!

Денеска во Делчево се реализираше едукативно превентивна акција „Стави појас“ на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата преку Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата Делчево и службеници од МВР ПСОН Делчево. Акцијата се спроведува со цел да се потсетат учесниците во сообраќајот за користењето на сигурносниот појас и важноста на неговата употреба при патување.

Во текот на акцијата на возачите кои носеа сигурносен појас покраj обезбедените информативни материјали од РСБСП им беше доделена награда – маичка со логото на акцијата, додека на оние кои не го носеа, како предупредување им беше доделен флаер и освежувач.

Од Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата -Делчево ги потсетуваат учесниците во сообраќајот дека:

  • Користењето на сигурносниот појас е наменето исклучиво за лична безбедност и заштита на возачот односно патникот;
  • Сигурносниот појас значително влијае на тоа какви ќе бидат последиците од сообраќајните незгоди;
  • Обврската за користење на сигурносен појас е задолжителна без разлика на тоа дали возилото се движи во населено или надвор од населено место.

Акцијата ќе продолжи да се спроведува и во текот на следните неколку дена на подрачјето на Општина Делчево.

0Shares
0