Покана за одбележување на 145 години од Разловечкото востание

По повод одбележувањето на 145-годишнината од Разловечкото востание, Општина Делчево организира пригодна свеченост на 28 мај (петок ) во с. Разловци со следната програма:

10,30 ч отворање на детската градинка во ПУ „Св.Климент Охридски“ во с. Разловци;

11.15 ч  почеток на манифестацијата „Делчево го чествува аманетот“ во дворот на црквата „Св.цар Константин и царица Елена“.

По тој повод, Општина Делчево ги поканува сите заинтересирани граѓани, институции, политички партии и здруженија на граѓани кои сакаат да присуствуваат на настаните и да положат свежо цвеќе пред спомен-плочата на поп Стојан, тоа да го направат почитувајќи ги актуелните препораки за заштита од болеста ковид -19, односно задолжително да носат заштитни маски за лице и да држат растојание од 2 метри за време на настанот

0Shares
0