Отворена изложбата „Квадратна божественост“ на уметникот Валентина Илијевска

Во рамките на чествувањата „Делчево го чествува аманетот“, денеска во фоајето на спомен-домот АСНОМ беше отворена самостојната изложба „Квадратна боженственост“ на уметникот Валентина Илијевска од Куманово, магистер по конзервација и реставрација на ѕидно сликарство.

 Изложбата содржи 33 дела на уметникот Илијевска во која ликовните елементи и принципите го креираат творечкиот опус во делата, каде што од длабочината на самите дела се издигнува на пиедестал синото присуство на квадратот.

Прв пат сум во Делчево и прв пат се претставувам во Источниот крај што ми претставува големо задоволство. Во самиот концепт ја разработувам симболиката на човештвото, препознатливите симболи во нашата иконографија, религијата, симболот на божественото. Присуството на синиот квадрат го симболизира човештвото. Преку симболите на квадратот и коцката се внесува своерачен потпис и снезибилитет препознатлив за делата, истакна Илијевска.

Изложбата ќе биде отворена наредните 10 дена. Настанот е во организација на Општина Делчево и НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ со поддршка на Министерството за култура.

0Shares
0