УЧИМЕ ЗА СООБРАЌАЈОТ!

Во организација на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата Делчево, а со поддршка на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата  и во соработка со општинските основни училишта „Св.Климент Охридски“ и „Ванчо Прке“, како и Полициската станица од Делчево се одржаа сообраќајно едукативни активности со нагледни предавања во рамки на сообраќајно превентивната акција УЧИМЕ ЗА СООБРАЌАЈОТ.

Целта на оваа акција е запознавање на првачињата со основните правила и прописи во сообраќајот и сообраќајната сигнализација со одржување нагледни предавања на сообраќајниците со сообраќајната полиција.

Преку оваа активност, децата, како една од најранливите категории учесници во сообраќајот, практично се запознаваат со правилната примена на изучените правила и прописи наменети за нивната возраст.  Воедно, тие имаа изработено сообраќајни знаци и пораки преку кои ги потсетија возачите да бидат одговорни ученици во сообраќајот, да внимаваат на децата во сообраќајот и да ја намалат брзината при движење по сообраќајниците околу училиштата.

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата ја поддржа оваа акција обезбедувајќи сообраќајна песнарка, алки и приврзоци со пораката ВОЗИ ОДГОВОРНО. 

Дел од пораките кои ги упатија првачињата кон возачите се:

„СЕКОЕ ДЕТЕ ЗАСЛУЖУВА ДА МУ СЕ РАДУВА НА ЖИВОТОТ“

„ВОЗИ ВНИМАТЕЛНО КАКО СЕКОЕ ДЕТЕ ДА Е ТВОЕ“

„ВОЗИ ВНИМАТЕЛНО – ТИ СИ ОДГОВОРЕН“

„ДЕЦАТА НЕМААТ СОПИРАЧКИ“

„ДЕТСКИОТ ЖИВОТ НЕМА ЦЕНА“

„НАМАЛИ ЈА БРЗИНАТА“

0Shares
0