Ветеринарната станица „Здравје“ ќе се грижи за кучињата скитници во Делчево

  • Новости

Ветеринарната станица „Здравје“ од Делчево е економскиот оператор кој на Јавната набавка понуди најповолна цена за шинтерски услуги и хуман третман на кучиња скитници на подрачјето на Општина Делчево.

Согласно со Договорот, економскиот оператор е должен да врши шинтерски услуги за фаќање и хуман третман на кучиња скитници на подрачјето на Општина Делчево и заловените бездомни кучиња привремено да ги смести во прифатилиште, каде кучињата треба да се кастрираат, односно ојаловат, обележат, здравствено да се третираат, да се изврши превентивна здравствена заштита и тест за социјализација согласно со прописите од областа на ветеринарното здравство.

 Ветеринарната станица „Здравје“ има сопствено прифатилиште каде треба да обезбеди ветеринарна заштита за животните. Прифатилиштето е одобрено од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство со услови утврдени согласно Законот за заштита и благосостојба на животните и Правилникот за техничките услови за прифатилиштата, условите за чување на животните во прифатилиштата, постапките за еутаназија, начинот на водење на евиденција и начинот на вршење на надзор, формата и содржината на регистарот и начинот на регистрација, како и информациите потребни за регистрација.

Бездомните кучиња треба да бидат трајно обележани со чип и ушна маркица.  Договорот е со времетраење од една година, а паричните средства предвидени во Јавната набавка се во висина од 354.000 денари со пресметан ДДВ.

Shares