Општина Делчево повторно во групата институции со највисока активна транспарентност

Активната транспарентност на Општина Делчево во 2021 година изнесува 90 % (од можни 100 %) со што Општината се наоѓа во групата институции со ’многу добра‘ активна транспарентност (исполнување на обврските од 80 % до 100 %). Со овие бодови, општината се наоѓа на 12-та позиција од вкупно 98 рангирани институции или втора општина во ИПР.  По четири години меѓу институциите со просечна активна транспарентност, Општина Делчево лани влезе меѓу општините со највисока активна транспарентност и годинава и дополнително ја подобри својата позиција.

Ова е нотирано од Центарот за граѓански комуникации во редовното годишно рангирање на институциите според Индексот на активна транспарентност, односно според проактивното објавување информации од јавен карактер изработено во март 2021 г. во кое се вклучени 98 институции, односно Владата и сите министерства и општини.

Меѓу регионите, и годинава на прво место е Источниот Регион (со 74 % активна транспарентност), додека на последно останува Скопскиот Регион (со 49 %).

Активната транспарентност е најдобра алатка за транспарентност на една институција и за градоначалникот Трајковски е доказ дека Општина Делчево сериозно пристапува кон ова прашања со цел навремена и точна информација до граѓаните и отчетност.

– Активната транспарентност помага за поодговорно трошење на јавните пари, се промовираат принципите на добро владеење и интегритетинституцијата ќе биде поефикасна, бидејќи подобро ќе управува со информациите со коишто располага. За  постигнување на овие зацртани цели, изминатиов период Општина Делчево донесе стратешки документ за надворешна комуникација, годишни програми за однос со јавноста, се изработува и е-информатор, а се објавуваат  и сите документи кои имаме законска обврска да ги објавуваме, и сл. Целта е отчетност и точна и навремена информација до граѓаните, рече Трајковски.

Индексот на активна транспарентност се реализира во рамките на активноста Јавно трошење за јавно добро, поддржана од Проектот на УСАИД за граѓанско учество. Целта на оваа активност е зголемување на ефективноста на јавното трошење преку намалување на корупцијата и зголемување на транспарентноста.

Индексот на активна транспарентност за 2021 може да го погледнете ТУКА

0Shares
0