ЈЛБ „Илинден“ со награда за библиотека на фестивалот „Мајски цвет“

  • Новости

Делчевската библиотека „Илинден“ прогласена за најдобра библиотека на 46. издание на Детскиот поетски фестивал „Мајски цвет“ , а пофалена песна за посебен литературен есеистички израз во поетска форма е творбата на Андреа Димитровска од 9 одделение од ООУ „Св.Климент Охридски“ Делчево, „Моќта на книгата во ова денешно време невреме“.

Фестивалот е во организација на ЈУ Библиотека „Искра“ од Кочани, а на него учествуваа 17 ученици од шест училишта, пет библиотеки и литературни клубови од Македонија кои испратија поетски творби за учество на фестивалот.

Директорката на ЈЛБ „Илинден“, Билјана Петровска, истакна дека признанието значи поттик за активна работа и за наредниот период.

Навистина ни е чест и огромно задоволство што на годинешното издание на Детскиот поетски фестивал „Мајски цвет“, ЈЛБ„Илинден“ ја доби наградата за библиотека. ЈЛБ„Илинден“ редовно учествува на овој детски фестивал, сепак, за прв пат ја добиваме наградата за библиотекаБиблиотеката има ученици, наши членови кои учествувале или учествуваат на сите конкурси кои ги реализира или настани на кои учествува библиотеката. Секогаш тука со добра поезија и проза. Секогаш наградувани кај нас или од други библиотеки. Еден таков ученик наш член е, Андреа Димитровска, ученик во IX одделение при ООУ„Св.Климент Охридски“, која доби посебно признание на опвој фестивал, рече Петровска.

Shares