Спортското игралиште во Тработивиште доби нов лик

Вработени во Подрачното училиште и екипа од ЈКП „Брегалница“ работеа на санација и уредување на спортското игралиште што се наоѓа во дворот на ПУ „Св. Климент Охридски“ во с.Тработивиште.
Во рамки на акцијата беше поставена нова заштитна мрежа, беше обележано спортското игралиште, обоена дворната ограда и урбаната опрема и беа поставени рефлектори за спортување во ноќните часови.
Акцијата е финансиски поддржана од Буџетот на Општина Делчево.
0Shares
0