Општина Делчево ќе воведува родово одговорно буџетирање

Општина Делчево го започнува процесот за родово одговорно буџетирање во локалните политики и буџетските процеси со поддршка на UN Women која е орган на ОН и со мандат за постигнување родова еднаквост и зајакнување на позицијата на жените. Активностите започнаа со потпишување на Меморандум за соработка од страна на градоначалникот Горан Трајковски со Организацијата и одржување на првите обуки на кои учество зедоа 10 општини и 23 претставници и претставнички од овие општини кои се приклучија на менторската програма за родово одговорно буџетирање на UN Women.

На обуката беа презентирани основните цели за вклучување на родовата перспектива во локалните политики и буџети и значењето  од нивната примена во целокупното работење на општината.

За Општина Делчево ова е уште голем чекор напред, кога е во прашање родовиот концепт и неговата примена во креирањето на локалните политики и буџетот и значи зајакнување на позицијата на жената во Општината, одговор на нивните потреби и барање и унапредување на родовата еднкавост во сите сфери од работењето на Општината.

 Од Организацијата истакнуваат дека соработката со општините ќе продолжи и ќе следат нови активности за систематска примена на родово одговорното буџетирање како алатка во креирањето на општинските политики и буџети.

Обуката беше организирана во рамките на проектот „Промовирање на родово-одговорни политики и буџети: кон транспарентно инклузивно и отчетно управување во Република Северна Македонија“, финансиски поддржан од Швајцарската агенција за развој и соработка и Шведската агенција за меѓународна соработка и развој – Сида.

0Shares
0