Благодарница за Општина Делчево по повод Светскиот ден на крводарителите, 14 Јуни

За перманентната поддршка и придонесот за остварување на активностите и целите на ОО на Црвениот крст Делчево, Црвениот крст на Македонија додели Благодарница на Општина Делчево по повод Светскиот ден на крводарителството, 14 Јуни.

 На свеченоста организирана од Општина Делчево и ОО на Црвениот крст Делчево, под мотото „Дарувај крв и одржувај го светот“, организаторите доделија награди на крводарителите кои имаат даруванo крв 10, 25, 50, 75 и над 100 пати, со што оддадоа признание за нивната хуманост во спасувањето човечки животи.

Годинешното одбележување на Светскиот ден на крводарителите има посебен фокус кон младите, поради што од ОО на Црвениот крст Делчево и од Општина Делчево упатија благодарност до крводарителите , но и порака до младите да го препознаат крводарувањето како можност да спасат многу животи, бидејќи дарувањето крв спасува човечки животи и претставува највисок чин на хуманост, а крводарителите се нашите херои кои и во време на пандемија волонтерски даруваа крв и крвни продукти.

0Shares
0