Реконструкција на водоводната мрежа на ул. „Орце Николов“

Екипи на ЈКП „Брегалница“ интензивно работат на замената на старата дотраена азбестна водоводна линија со полиетиленски цевки на ул „Орце Николов“, како и крак кој води на ул. „Скопска“ во Делчево. Водoводната линија која се реконструира и каде се поставуваат нови полиетиленски цевки од фи-110 е со должина од 570 метри.

Увид во текот на работите изврши градоначалникот Горан Трајковски, кој истакна дека со оваа интервенција ќе се подобри водоснабдувањето, квалитетот на водата, но и ќе се спречат загубите на вода и честите дефекти на мрежата.

По реконструкцијата на водводната линија ќе следува асфалтирање на улиците „Орце Николов“ и „Скопска“ во рамките на проектот на Владата „Македонија без кал“ кој се имплементира преку Министерството за транспорт и врски.

0Shares
0