Авионски се прскаше против комарци во Делчево

Во раните утрински часови се спроведе авионското третирање против возрасни комарци на територијата на Општина Делчево. Прскањето се вршеше со еколошкиот препарат CICERON 2.ULV кој е широкопојасен инсектицид одобрен од Бирото за лекови, а го изврши лиценцирана фирма за авиоуслуги БОНИЕР ДООЕЛ Куманово, избрана по претходно спроведена тендерска постапка.

Во Делчево се третираше површина од над 300 haлево и десно по речното корито на Брегалница, централното градско подрачје до езеро „Сандански“ и Старо Делчево, Таушанско Маало, Стрелиште и Ново Делчево, Милково Брдо, Басарица, нас. Пролет и населените места од збиен тип.

Денешното авионско прскање против возрасни комарци е прво од предвидените две за оваа сезона.

Инаку, Општина Делчево секоја година врши соодветно третитрање на вектор-преносителите на заразни болести, а активноста е предвидена во Годишната програма за заштита на населението од заразни и други болести.

0Shares
0
Големина на фонт
Контраст