Општина Делчево го имплементира меѓународниот ISO- стандард за квалитет во работењето

Општина Делчево започна со имплементација на меѓународниот стандард за квалитет ISO 9001:2015 со цел воведување ефикасни јавни услуги за потребите на граѓаните и стопанството.

Во таа насока, деновиве е потпишан Договор за имплементација на системот за менаџмент со квалитет согласно барањата на стандардот  ISO 9001:2015 со консултантската куќа „Еуромак Контрол“.

 Во наредниот период, ќе се направи анализа и оценка на постоечките процеси и нивната поврзаност, идентификација на разликите помеѓу постоечката состојба и барањата на стандардотдефинирање на контекстот на општината и нејзините процеси, како и изработка на комплетна документација која ја бара стандардот, притоа користејќи ја постоечката документација на Општина Делчево со која се реализираат активностите на општината.

Со имплементирањето на меѓународниот ISO стандард во работењето на Општината, ќе се овозможи создавање на современа инфраструктура и ефикасни јавни услуги за потребите на јавниот и приватниот секторИмплементирање на ISO 9001:2015во работењето на Општина Делчево ќе овозможи идентификување и навремено реализирање на потребите и очекувањата на граѓаните, со што на ефективен и ефикасен начин се реализираат, одржуваат и подобруваат општите перформанси и можности за одржлив развој на ОпштинатаИстовремено, ќе се овозможи зајакнување и промовирање на релациите на партнерства меѓу јавниот и приватниот сектор, искористување на локалните ресурси, како и развивање на образованието, културата, спортот и заштитата на животната средина во насока на подобрување на квалитетот на живеење во Општината.

Како доказ за успешно имплементиран систем за квалитет, по имплементацијата, следува процес на сертификација на системот согласно со ISO 9001:2015 од страна на меѓународно признато сертификациско тело.

0Shares
0