Хоризонтална сигнализација за поголема безбедност во сообраќајот

Во Делчево во тек е одржувањето на хоризонталната сигнализација на сообраќајниците со која ќе бидат обележани околу 2000м2.
Со оваа активност е предвидено да бидат обележани осовински линии и линии водилки, стрелки, сообраќајни острови, пешачки премини со стоп линија, ознаки на коловозот итн., на дел од улица „Маршал Тито“, „Светозар Марковиќ“, „Методи Митевски- Брицо“, „Питу Гули“, Булевар „Македонија“ и „Никола Јонков Вапцаров“.
Со редовното одржување на хоризонталната сигнализација се обезбедуваат услови за безбедно користење и употреба на улиците од страна на сите учесници во сообраќајот со што директно се влијае на зголемување на безбедноста во сообраќајот во Делчево.
Изведувач на работите е „ВИА СИГНАЛ“ ДООЕЛ Скопје со кој Општина Делчево има склучено договор за јавна набавка на услуги „Одржување на хоризонтална сигнализација“.
0Shares
0