Делчевските училишта подготвени за настава со физичко присуство

Во пресрет на почетокот на новата учебна 2021/22 година, градоначалникот Горан Трајковски одржа работен состанок со директорите на трите образовни институции во градот на кој главна тема беа подготовките на училиштата за безбеден прием на ученици и нормален тек на настава.

Првите луѓе на делчевските училишта потврдија дека училиштата се подготвени за старт на новата учебна година со физичко присуство за што максимално се става акцент на актуелните протоколи за заштита од ковид 19 и на учениците и на наставниците.

Во СОУ „М.М. Брицо“ Делчево годинава во прва година се запишани вкупно 113 ученици и тоа 76 ученици во гимназиско образование во 4 паралелки, 16 ученици во текстилно кожарска струка во 1 паралека и 21 ученик во хемиско технолошка струка во една дуална паралелка. За учениците од прва година во текстилно кожарската струка досега се обезбедени стипендии од неколку фирми: АД „Фротирка-компани“, ММЦ прогрес“ и „Лукатексдодека учениците од  хемиско технолошка струка кои ги исполнуваат условите од Конкурсот за дуалното образование ќе добиваат стипендии од МОН.

Вкупно запишани ученици за учебната 2021/22 година во делчевскиот средношколски училишен центар се 418.

Во прво одделение во двете делчевски основни училишта утре тргнуваат 113  првачиња. Во  ООУ „Ванчо Прке“ има 54 првачиња, од кои 13 во подрачните училишта. Во ООУ „Св.Климент Охридски“ во учебната 2021/2022 се запишани 59 првачиња. Од нив 28 првачиња во централното училиште, а 14 во подрачните училишта.
Инаку, втора година по ред, Општина Делчево доделува по 3000 денари за родителите кои ќе ги запишат своите деца во прво одделение во делчевските училишта, како мерка која е во насока за подршка на родителите за да го подготват своето прваче за училиште и поттик, учениците да се запишуваат во делчевските училишта. 
0Shares
0
Големина на фонт
Контраст