Доделени таблети на ученици од социјален ризик во делчевските училишта

Со финансиска поддршка на Општина Делчево, а во рамките на Јавниот повик за финансиска поддршка на граѓански здруженија за реализација на проекти, НВО „Тернипе МК“ до образовните институции во градот ги дистрибуираше таблетите наменети за ученици кои доаѓаат од ранливи категории семејства.

 Во рамките на проектот „Превенција и заштита од КОВИД 19 во Делчевскиот регион за маргинализирани и ранливи категории“ обезбедени се 15 таблети за двете делчевски деветолетки и гимназијата во Делчево, како и 15 социјални пакети за лица од социјален ризик.

Инаку, досега оваа организација со поддршка на Владата, Општина Делчево и ОО на Црвениот крста има дострибуирано вкупно 100 таблети и 100 социјални пакети на семејства кои живеат во социјален ризик.

0Shares
0
Големина на фонт
Контраст