Делчевските советници ја одржаа 56 Седница и последна во овој состав на Советот

Делчевските советници денеска ја одржаа 56 Седница која е и последна седница на Советот на Општина Делчево во овој состав. На Дневен ред на Седницата беа 13 точки.

Советниците ја донесоа Одлуката за набавка и поставување лед- диодни светилки  во Општина Делчево во рамки на грантот од  Проектот за подобрување на општинските услуги финансирани со заем од Меѓународната банка за обнова и развој (Светска банка),  Компонента В: Грантови за успешност со што дадоа согласност и поддршка за проектот. Износот на Грантот за успешност е во зависност од вредноста на успешно реализираните под-заеми за имплементација на проектот: „Подобрување на јавните општински услуги во општина Делчево-“,-Изградба на станбена улица бр.3 од  СТ.0+237.00 ДО СТ. 0+606.33“-MSIP2-NCB-036-21 кој е во висина од  7,493,900 , 60 мкд од кои 5.266.748 мкд се средства од Меѓународната банка за обнова и развој (Светска банка),а остатокот од буџетот на општина Делчево. Вкупната проектна вредност на проектот 1422021.90 со вклучен ДДВ, грант – средства кои се обезбедени од Компонента В: Грантови за успешност се во висина од 1422021.90 мкд.

Советниците го усвоија и Извештајот за јавна безбедност и безбедноста на сообраќајот на патиштата на подрачјето на Општина Делчево; Годишниот план за вработување на ЈКП „Брегалница“-Делчево за 2022 година; Годишниот извештај за работата на СОУ „М.М.Брицо“-Делчево за учебната 2020-2021 година и Годишна програма за работата на СОУ „М.М.Брицо“-Делчево за учебната 2021-2022 година; Одлуката за проширување на средствата на Буџетот на Општина Делчево за 2021 година; Годишниот извештај за работата на ОЈУДГ „Весели Цветови“-Делчево за воспитната 2020-2021 година  и Годишната програма за работата на оваа установа; Одлуката за давање согласност на изменување и дополнување на Статутот на ОЈУДГ „Весели Цветови“-Делчево; Одлуката за согласност за утврдување на работното време на установата за објект 3 во село Разловци; Го усвоија и Заклучок за усвојување на  Извештајот за спроведување на Функционалната анализа во ОЈУДГ „Весели Цветови“-Делчево, како и Одлуката за давање согласност на Правилникот за внатрешна организација и Одлуката за давање согласност на Правилникот за систематизација на работните места на ОЈУДГ „Весели Цветови“-Делчево;

0Shares
0
Големина на фонт
Контраст