Работилница „Да играме и пееме“ во ООУ „Ванчо Прке“

 

Во рамките на проектот „Редовно на часови: Акција за вклучување на Ромите во основното образование“, учениците од ООУ „Ванчо Прке“ од прво до трето одделение  и  учениците од музичката секција, низ песна и игра се запознаа со фолклорните обележја, народните носии и традиции на македонската и ромската етничка заедница.

Работилницата насловена „Да играме, пееме и свириме“, е интегрирана содржина од наставните предмети по македонски јазик, музичко и ликовно образование и е дел од слободните ученички активности како еден мултимедијален пристап, со презентации на делови од носии од ромската етничка заедница и од народни носии од нашиот Пијанечко- Малешевски крај, како автентични носии за македонскиот етникум.

Работилницата ја водеше самостојниот уметник за фолклорни претстави Зенил Реџепов, кој е и координатор и кореограф на КУД „Гоце Делчев“. Реџепов на многу креативен, поттикнувачки и спонтан пристап ги мотивираше учениците да ја  доживеат убавината на македонската и ромската народна песна и везот и карактеристичната креација на македонските и ромските народни носии.

Како што истакна наставничката Маријана Стоименовска, во проектот се вклучија и родителите кои помогнаа во разубавување и декорација на ѕидното  катче за новата мултиедукативна библиотека, која е опремена со мебел и дидактички нагледни средства од проектот.

„Редовно на часови: Акција за вклучување на Ромите во основното образование и Фондацијата за образовни и културни иницијативи  „Чекор по чекор “ се наменети за учениците од одделенаска настава како нивно катче за забава, дружење и реализација на многу едукативни работилници. Вакви работилници ќе се реализираат и во наредниот период, а целта е да бидеме активни и да реализираме голем број наставни активности и содржини во наставниот процес, кои ќе ги поттикнуваат учениците да творат по разни теми, рече Стоименовска.

0Shares
0
Големина на фонт
Контраст