Одржана Втората седница на Совет на Општина Делчево

Советниците на денешната Втора седница на Советот на Општина Делчево, расправаа и донесоа одлуки по 1 точки од Дневниот ред.  

Со Одлуката за измена на распоредот на средствата на Буџетот на Општина Делчево за 2021 година, дел од вишокот на приходи од Програмата N2 (средно образование) во износ од 3.000.000 ден се прераспределуваат во Програмата N1 (основно образование), а по претходно донесени одлуки на Советот и на Владата на РСМ. Со оваа интервенција се врши деблокада на сметката на ООУ „Св.Климент Охридски“ кое беше блокирано по судска пресуда поради исплата на оштета за повреда на ученик во ПУ во с. Разловци.  

Советниците донесоа решение со кои за членови на Управниот одбор на ЈЛБ „Илинден“-Делчево ги именуваа: Даниела ГеоргиевскаАлен Атанасовски, Маријана Стоименовска, Коле Манов, Милена Глинџарска; додека за членови на УО на детската градинка „Весели цветови“, како претставници на основачот – Општина Делчево  се именувани: Благица Петровска, Ана Ситновска Димитровска и Тони Вангеловски; за претставник од стручниот совет на установата е именуван Езѓан Мемедов, а претставници од  Совет на родители се именувани Билјана Стојковска и Симона Спасовски.

Советниците ги усвоија Извештајот за реализирани активности за 2021 г. и Програмата за работа на ЈЛБ „Илинден“ за 2022 г., а дадоа и согласност на Статутот на Локалниот музеј на град Делчево „Пијанец и за Измените на Годишниот план за вработување на Општина Делчево за 2022 година.

Советниците ја усвоија и Програмата за дополнување на Програмата за изработкана урбанистички планови на подрачјето  на Општина Делчево за 2021 која се однесува во поглавјето „УРБАНИСТИЧКИ ПЛАНОВИ ЗА ГРАД  ДЕЛЧЕВО“, по точката 13.1 се додава нова точка- 13.2, која гласи: Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план-за намена Е1.13 Површински  соларни и фотоволтаични електрани во опфат КО Град-Општина Делчево, к.п. бр. 4063/1, к.п.бр.4854 и к.п. бр.4856 и дел од к.п.бр.4037, КО Град-Општина Делчево. Овој локалитет ги опфаќа к.п. бр. 4063/1, к.п.бр.4854 и к.п. бр.4856 и дел од к.п.бр.4037, КО Град-Општина Делчево. Со донесувањето на оваа Програма за дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови на подрачјето на Општина Делчево за 2021, Општина Делчево да продолжи со постапката согласно законската регулатива, а на трошок на поднесувачот на Иницијативата согласно неговата Забелешка-Изјава дадена во Барањето.

На денешната седница,Советот донесе неколку одлуки за одобрување на финансиски средства на граѓани и здружениеја. На Петар Богоевски му се одобрија средства во висина од 15.000 денари за учество на 75-то Светско првенство во бодибилдинг кое ќе се одржи во Шпанија; на Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“ Делчево му се одобрија средства во висина од 15.000 ден; 30.000 денари се одобрија на Војчо Атанасов од с. Град за надомест на штета од пожар кој настанал во неговата семејна куќа во с. Град на 15.07.2021г; на Асан Шаинов од Делчево му се одобрија 8.000 денари за подобрување на условите за живот  во неговиот дом.

Инаку, на денешната Седница на Советот , советниците донесоа Одлука за престанок на мандатот на советникот Кристи Стојковски, советник од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата, кој поради лични причини поднесе оставка.

Shares