Голем одзив за големата хуманитарна акција „Новогодишна трпеза за сите“

Голем одзив бележи првата хуманитарна акција на Советот на млади на Општина Делчево „Новогодишна трпеза за сите“. На ден пред затворањето на акцијата, Родне Деолска, претседателка на Советот на млади на Општина Делчево, истакна дека  одзивот за акцијата е огромен и изрази благодарност на сите хумани граѓани и фирми кои се вклучија во акцијата и со мал гест ќе направат многу луѓе среќни за празниците.

Благодарение на донациите на учениците и нивните родители и наставници од двете основни и средното училиште од Делчево, на донациите од Лука Текс, Брегал, Фротирка, Сони Текс, Алпин Ком, Здружение на пензионери, ОО ЦК Делчево и Регионален центар за застапување, собрани се 90 големи прехранбени пакети, 156 новогодишни пакетчиња за најмладите и околу 20 пакети со облека и обувки за различна возраст и пол, рече Деолска.

Паралелно со оваа акција во текот на утрешниот ден ќе се реализира и  традиционалната хуманитарна акција на Општина Делчево и Компанијата „Зегин со која ќе бидат поделени 60 прехранбени пакети на семејства од социјален ризик од Делчево.

0Shares
0
Големина на фонт
Контраст