Хумана мисија во пресрет на новогодишните празници

  • Новости

Компанијата „Зегин“ и Општина Делчево во пресрет на новогодишните празници ја реализираа традиционалната хуманитарна акција. Денеска беа доделени 60-тина пакети со прехранбени производи на семејства кои живеат во социјален ризик со што се излезе пресрет на семејствата да имаат побогата новогодишна трпеза. Со оваа хуманитарна акција уште еднаш се покажа на дело општествената одговорност на компанијата „Зегин“ со чија поддршка перманентно во текот на годината се делат пакети со храна на семејства на кои оваа помош им е добредојдена.

Годинава, хуманитарната мисија на компанијата „Зегин“ и Општина Делчево се дел од големата хуманитарна акција на Советот на млади на Општина Делчево „Новогодишна трпеза за сите“.

 

Shares