Првороденото новороденче во Делчево во 2022г, Јована, го доби традиционалниот подарок од Општина Делчево

Првороденото новороденче во 2022 г. во Општина Делчево е малата Јована Димитровска која денеска на денот на нејзиниот именден, го доби традиционалниот подарок од Општина Делчево, еднократен паричен износ од 10.000 ден. Јована е родена на 4 јануари на скопските клиники, тешка е 3.500 гр. и долга 50 см и е второ дете во семејството на Дејан и Катерина Димитровски.

Традиционално и оваа година, градоначалникот Горан Трајковски го предаде подарокот на родителите.

– Ми претставува посебно задоволство што денеска на овој убав празник, кога се слави св. Јован Крстител, го посетивме домот на првото новородено во Делчево за 2022 г кое го носи името Јована. Воедно, на малата Јована ѝ го честитавме именденот, но испраќаме и желби, да има среќно и безгрижно детство и да донесе многу радост и гордост на семејството, но и на општината. Делчево се радува на секое новороденче, бидејќи добива нов жител. Првороденото во годината е предвесник на новата генерација дечиња кои се нашата иднина. Ја користам оваа прилика да им ја честитам радоста на родителите и да има посакам многу љубов и многу дечиња да им го развеселуваат домот, истакна Трајковски.

Општина Делчево дарува 10.000 денари на првороденото новороденче во годината чии родители живеат во Делчево, а согласно со информацијата од матичните гинеколози од Здравствениот дом и Службата за превенција и имунизација. Исто така, како една од социјалните мерки која значи поддршка на родителите кои добиле новороденче. Општина Делчево исплаќа по 3 илјади денари еднократна парична помошМинатата година по оваа основа се исплатени 262.999 денари за 85 новороденчиња во Општината.

0Shares
0