Покана за чествување на 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев

  • Новости

По повод одбележувањето на 150 -годишнината од раѓањето на великанот, визионерот и револуционерот Гоце Делчев, Општина Делчево организира пригодна свеченост на  4 февруари (петок) со почеток во 10:00 ч. пред споменикот на Гоце Делчев во центарот на градот.

По тој повод, Општина Делчево ги поканува сите заинтересирани граѓани, институции, политички партии и здруженија на граѓани кои сакаат да присуствуваат на настанот и да положат свежо цвеќе пред споменикот на Делчев, тоа да го направат почитувајќи ги актуелните препораки за заштита од болеста ковид -19.

Воедно, во рамките на одбележувањето на 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, патронот на Делчево, на 4 февруари (петок) со почеток во 19:00 ч. во салата од Спомен-домот АСНОМ, Општина Делчево и КУД „Гоце Делчев“ организираат свечен концерт на кој ќе настапат промоторите на идејата на Делчев: „Светот го разбирам како поле за културен натпревар меѓу народите“, делчевските амбасадоири на културата, фолклорот и традицијата.

Shares