Прва посета на ЛАГ од Словенија на регионот

Со цел отпочнување соработка за реализација на проекти за подобрување на локалните услови за живеење, деновиве се оствари првата средба на претставници од   Општина Раденци и ЛАГ Прлекија од Република Словенија и претставници од ЛАГ Малеш и Пијанец. Средбата се одржа во Едукативниот центар во с. Негрево, а не неа  присуствуваа и градоначалниците на Берово, Пехчево и Делчево. Воедно на средбата  беа презентирани потенцијалите на регионот и досегашните активности на ЛАГ-от. Во рамки на работната средба беа детектирани и потенцијалните области на соработка, како и размена на искуства и знаење од страна на словенечките ЛАГ-ови кои во рамки на ЕУ се лидери во искористување на средставата и реализација на проекти за подобрување на локалните услови за живеење.

0Shares
0