Доделени решенијата на општинските стипендисти

  • Новости

Учениците од Делчево кои ќе добиваат стипендии од Општина Делчево за учебната 2021/2022 година, денеска ги добија решенијата од Општина Делчево. Годинава, Општина Делчево додели 19 стипендии, од кои 18 стипендии се за средношколци кои аплицирале во двете категории согласно со јавно објавениот Конкурс и една стипендија за студент коj ги исполни условите согласно со предвидените критериуми.

Градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, кој им ги врачи решенијата, истакна дека интенција на Општината е да се стимулираат младите за поголеми успеси во образованието.

-Во оваа прилика сакам да им честитам на сите општински стипендисти и им посакувам да продолжат да редат успеси на полето на образованието, да се натпреваруваат во знаења и да се вложуваат во наставниот процес, бидејќи тие се носителите на идниот општествен живот во општината и државата. Како Општина го следиме успехот на учениците и, освен овие стипендии, доделуваме и три стипендии на првенците на генерацијата во трите училишта, а Општина Делчево доделува и наградно патување низ Европа (или последниве две години поради пандемијата доделува парична награда) на 10-те најдобри матуранти од СОУ „М.М.Брицо“. Исто така, од 2020 г. воведовме и нова мерка со која издвоиме по 3 .000 денари за секое прваче кое ќе го започне школувањето во делчевските основни училишта. Минатата година по овие основи од Буџетот на Општина Делчево се исплатени над 900 илјади денари, рече Трајковски.

Трајковски истакна дека бројот на предвидени стипнедии е зголемен во последниве 4 години години, а зголемен е и износот на стипендиите по одредени категории.

Директорот на СОУ „М.М.Брицо“, Љупчо Прачковски изрази јавна благодарност до градоначалникот Трајковски и Општина Делчево за континуираната поддршка на делчевската гимназија и додаде дека овие ученици се ликот на гимназијата и редовни учесници на државни и меѓународни натпревари.

Стипендиите ќе се исплаќаат за период од 9 месеци, а износот на ученичките стипендии во двете категории е 1000 денари, односно 1,500 денари, додека студентските стипендии се во износ од 3,500 денари.

Shares