Се подготвува конгресна сала во СОУ „М.М.Брицо“

  • Новости

Интензивно се раб  оти на преадаптација на старата спортска сала во СОУ „М.М.Брицо“ која ќе прерасне во конгресна сала за потребите на училиштето, невладиниот сектор, но и Општина Делчево. Како што истакна директорот на училиштето, Љупчо Прачковски, старата спортска сала била во лоша состојба, не била реновирана повеќе децении, а со оглед на тоа, не била функционална.

Со оваа преадаптација на просторот, ќе донесеме сосема нов лик на салата, која ќе биде атрактивен простор за одржување настани кои бараат поширок аудиториум, како најразлични предавања, семинари, обуки, а согласно просторот што ќе се уреди и соодветниот мебел и опрема, салата ќе може да ја користат и други чинители во Општината, како и да се стави целосно за организирање настани од таков вид на Општина Делчево, истакна Прачковски.

Согласно со проектот,  во тек се градежни интервенции за комплетна промена на подот, уредување на плафонот и ѕидовите, проширување на влезната врата, како и отворање помошни врати, уредување на сцената, соодветно озвучување и осветлување и слично.

Вредноста на проектот е 3, 5 милиони денари, средства обезбедени од училиштето, а градежните работи треба да завршат за еден месец.

Shares