СОУ „М.М.Брицо“ дел од проектот за „Супер училишта“

СОУ Методи Митевски – Брицо е учесник на регионалниот проект Супер училишта организиран од Регионалната канцеларија за соработка со младите (RYCO) и Германската организација за меѓународна соработка (GIZ), а кофинансирана од Европска Унија и Сојузното министерство за економска соработка и развој на Сојузна Република Германија (BMZ).

Програмата има за цел да го подржи процесот на помирување и градење на мирот, како и процесот на интеркултурниот дијалог помеѓу училиштата и учениците преку младинска размена.

Наставниците координатори од училиштата, во рамките на проектот, поминаа две обуки. Првата беше онлајн а другата  со физичко присуство,  во Приштина од 18ти до 21ви февруари. На обуките присуствуваше проф.  Желеанка Демирова која е и координатор на проектот од СОУ Методи Митевски – Брицо“, заедно со проф. Билјана Ивановска. Целта на обуките е зајакнување на капацитетите и вмрежување. Учениците ќе се подготвуваат за соработката преку работилници со координаторите.

За време на проектот 10 ученици и 2 наставници од делчевската гимназија ќе учествуваат во размената на ученици со Техничката школа во Пирот Србија. Првата посета е планирана во месец април, кога нашето училиште ќе биде домаќин на учениците и нивните наставници, додека втората посета ќе се реализира во Пирот.

0Shares
0