Се подготвува за транспорт собраната хуманитарна помош за Украина

  • Новости

Храна, средства за хигиена, бебешки пелени, бебешка храна и облека, санитатески материјали и лекови, ортопедски помагала, постелнини и ќебиња, се само дел од помошта собрана изминативе денови на собирниот пункт отворен во Спомен-домот АСНОМ во рамките на хуманитарната акција на Општина Делчево.

На листата донатори се запишаа голем број граѓани, институции, општествено одговорни фирми:

„Фротирка-компани“, „Аклалоид“ од Берово, „Брегал“ Делчево, „Рудине ММ“, ЈЗУ Здравствен дом „Гоце Делчев“ Делчево, детска градинка „Весели цветови“, аптека „Кетрин“ , „Твоја аптека“, „Оникс-Вал“, „Луна –гив“, „Фротекс- Компани“, Центарот за социјални работи- Делчево, ЈЛБ „Илинден“ , ЈКП „Брегалница“, „Дамјанов“, Здружение РЦЗ Делчево, „Ацико-транс“, бутик „Грација“, ООУ „Ванчо Прке“, СОУ „М.М.Брицо“, ООУ „Св.Климент Охридски“,„Витекс“, маркети „Извор-комит“, како и пратеничката Соња Михаиловска, градоначалникот Трајковски и вработените во Општина Делчево, но и многу граѓани кои во изминативе денови носат донации на пунктот.

Градоначалникот Горан Трајковски изрази јавна благодарност до сите хумани луѓе кои во време на оваа хуманитарна катастрофа во Украина донираат со цел да се ублажи страдањето и болката и да се помогне на луѓе во неволја.

– Акцијата повторно ја разбуди хуманоста, на пунктот се собрани во големи количини потребните средства кои ќе помогнат на граѓаните од Украина. Акцијата е наша реакција на актуелната хуманитарна катастрофа во Украина и страдањето на граѓаните на оваа земја од воените дејства, но и одговор на апелот испратен до Општина Делчево од пријателската Општина Тернопил од Украина. Во оваа прилика изразувам благодарност до сите хумани луѓе, до сите општествено одговорни фирми кои, како и многу пати досега, и денес ја покажуваат својата човечно и хуманост, истакна Трајковски.

Собраните средства денеска ќе се пакуваат и селектираат, по што ќе бидат дистрибуирани согласно со насоките од  Амбасадата на Украина во Скопје.

Shares