Соработка меѓу Советот на млади на Општина Делчево и училишните заедници од образовните институции

Со цел унапредување на соработката и поттикнување на младинскиот активизам, претставници од Советот на млади на Општина Делчево деновиве беа дел од редовните состаноци на училишните заедници во делчевските образовни институции на кои се дискутираше и за заедничка реализација на проекти.

Како што истакна Родне Деолска, претседателка на Советот на млади на Општина Делчево, заедничката соработка може да го подигне нивото на младински активизам.

Разговаравме за можна заедничка соработка и како Советот на млади може да ја унапреди нивната работа, да се вклучи во решавање на некој проблем или да ги застапува нивните барања пред институциите. Се согласивме дека преку нашите програми за работа, годинава заеднички може да се реализираат повеќе активности во различни области и да се обрне повеќе внимание на вклучување во проекти од европските програми, за да можат учениците да користат бенефити од размената на ученици во други држави и на тој начин дa стекнуваат нови искуства. Младите сакаат да се активни на повеќе полиња и да имаат подобар социјален живот, потенцираше Деолска.

0Shares
0