Реконструкција на водоводната мрежа на ул „Плачковица“

Наскоро треба да започне реконструкцијата на дел од дистрибутивната водоводна мрежа на ул „Плачковица“ во Делчево. Конкретно, ќе се менуваат старите азбестни цевки со полиетиленски во должина од 400 м на дел од обиколната линија, крак 4, за индустриската зона. Вредноста на работите изнесува 1.976.840,92 денари без вклучен ДДВ, односно 2.332.672,28 денари со вклучен ДДВ.  

Средствата се обезбедени преку Министерството за транспорт и врски во рамките на имплементацијата на Декадата и Стратегијата за Ромите од каде се обезбедени 2.000.000 денари, а останатите средства се обврска на Општина Делчево.

Изведувач на работите, како најповолен економски оператор, е ПАНЕЛ-М Мехаз ДООЕЛ Тетово, со кој деновиве е потпишан Договорот за реализација на проектот.

Со оваа реконструкција, промената на старите азбестни цевки со полиетиленски,  ќе се превенираат честите дефекти на мрежата, загубите на вода ќе се сведат на минимум, а ќе се подобри и квалитетот на водата за пиење. Работите треба да завршат за 5 месеци.

0Shares
0