Координативен состанок за превенција и заштита од пожари

Надлежните институции за превенција и заштита од пожари од Делчево и М.Каменица денеска одржаа состанок со цел да се провери подготвеноста на институциите одговорни за интервенција при појава на пожари, како и да се подобри соработката и комуникацијата помеѓу субјектите со цел заеднички да се дејствува за превенција и заштита на шумите од пожари во претстојниот период на зголемена опасност од појава на пожари на отворен простор

 На состанокот беше потенцирана и минатогодишната состојба со пожарите на отворен простор и беше извршен увид на оперативните планови за заштита и спасување од пожари  на ЈП  Национални шуми – Голак Делчево и подготвеноста на  ТППЕ – Делчево и ТППЕ – М.Каменица за интервенција при појава на пожари на отворен простор, увид на состојба со силите за заштита и спасување од пожари на надлежните субјекти и нивна подготвеност за локализирање и гаснење на пожари на отворен простор, анализа на извршените подготовки и материјално-техничка опременост на надлежните субјекти за заштита на шумите и др.отворени простори од пожари како и други прашања од интерес на заштитата од пожари на отворен простор.

Согласно податоците на РЦУК – Делчево во 2021 година во Општина Делчево се евидентирани вкупно 23 пожари од кои – 2 шумски пожари, 12 пожари на отворен простор (сува трева и стрништа) и 9 пожари на објекти,

Во општина М.Каменица се евидентирани вкупно 6 пожари од кои 4 пожари на отворен простор (сува трева и стрништа) и 2 пожари на објекти.

Од овие пожари најкарактеристичен е пожарот кој беше активен на подрачјето на општина Делчево на планината Средна во периодот од 02.08 – 10.08.2021 година каде согласно податоците на ЈП Национални шуми „Голак“ Делчево беше опожарена површина од 2.287,00 хектари,  230.987 м3  изгорена дрвна маса и вкупно причинета материјална штета на шумите во висина од 529.073.832,00 денари.

0Shares
0