Еколошки акции по повод Денот на пролетта во делчевските училишта

По повод Денот на пролетта и Денот на екологијата учениците од двете основни училишта  организираа еколошки акции.

Во ООУ „Ванчо Прке“ во Делчево под мотото „НИЕ се грижиме за нашата природа ~ грижете се и ВИЕ,”  се организираше еколошка акција за расчистување на училишниот двор, но беа засадени и нови садници.

Од училиштето информираа дека во едночасовната  еколошка акција беше расчистен училишниот двор од паднатите лисја, но и беа засадени разни видови зимзелени и листопадни садници, донација од ЈП Национални шуми-Подружница „Голак“ Делчево.  Заедно со учениците во акцијата се вклучил и помошно-технички перспнал, со што акцијата беше успешно изведена до крај.

Еколошка акција беше организирана и во централниото ООУ „Св.Климент Охридски“ , како и во попдрачните училишта. Во рамките на акцијата беше организирано чистење на училишниот двор, а беа засадени и садници.

0Shares
0