Одбележан Денот на крводарителите и Денот на Црвениот крст на Република Северна Македонија

  • Новости

По повод Денот крводарителите и Денот на Црвениот крст на Република Северна Македонија, во Делчево се одржа пригодна свеченост во рамките на која беа доделени награди и признанија на крводарителите од Делчево кои дарувале крв по 100, 75, 50, 25 и 10 пати.

 Настанот беше во организација на Општина Делчево и на ОО на Црвен крст на РСМ, а  целта е да се одбележи денот кој го означува постоењето, дејствувањето, а воедно и успехот на сите волонтери, вработени, поддржувачи и безброј активисти кои овозможија оваа организација да опстојува толку време низ годините, но и да се оддаде признание на крводарителите од Делчево за за нивната хуманост и спасените човечки животи.

Градоначалникот Трајковски кој ги поздрави присутните истакна дека Делчево е гордо на сите хумани луѓе, посебно на крводарителите кои со самото дарување крв,  изразуваат највисок степен на солидарност со сите оние на кои таа им е потребна, без оглед на возраст, пол, раса, боја, национална и верска припадност.

 Делчево брои околу 300 активни крводарители, бројка која несомнемо мотивира, а со фактот дека минатата година има остварување на планот на собрани крвни едници и тоа од 141% , докажува на кое ниво е доброволното дарување крв во нашата општина. За нивната хуманост, како градоначалник, изразувам благодарност до сите крводарители, посебно до Зоран Глигоров за сто пати дарувана крв, Влатко Димитровски за 75 –пати дарувана крв, за Горан Пановски, Ванчо  Миленски, Илчо Дончевски, Борче Стојковски кои 50 пари дарувале крв, но и на сите кои дарувале крв и по 25 пати и 10-пати. Во оваа прилика посебно ќе ги споменам женските крводарители, кои иако со скромни 10% од вкупниот број крводарители, сепак, воведуваат нова традиција на крводарување во Делчево и покажуваат дека донирање крв не е само „машка работа“: Маја Стоименовска, Катерина Жежовска, Марија Мирчевска и Тања Цековска кои 10 пати дарувале крв, нагласи Трајковски.

Претседателката на ОО на Црвен крст. д-р Билјана Георгиевска истакна дека доброволното дарување крв претставува израз на високи етички и морални вредности и спасува животи.

-Јавно се заблагодарувам на нашите крводарители кои се едни од најуманите луѓе и упатувам апел до нашата млада популација да се приклучат на семејството крводарители, рече д-р Ѓеоргиевска.

Д-р Виолета Ѓорѓевска од Институтот за трансфузиона медицина го потенцираше значењето на доброволно дарување крв.

-Иако минатата година беше тешка, година на пандемија, но благодарение на хуманоста на крводарителите, ние успеавме да го натфрлиме планот на крводарување. Собрани се над  1000 крви единици што значи најмлаку 3000 спасени човечки животи, потенцираше д-р Ѓорѓевска.

ОО на Црвениот крст додели на Општина Делчево Благодарница за изграденото партнерство и за перманентната поддршка и придонес во реализацијата на активностите на Црвениот крст на РСМ.

Shares