Општините се подготвуваат за новата Програма на инструментот ИПА за прекугранична соработка

Градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, присуствува на заедничкиот состанок на Заедницата на општини на Република Бугарија и Република Северна Македонија кој овие два дена се одржува во Сандански, Р. Бугарија. Заедничкиот состанок е во рамките на Програмата за прекугранична соработка за периодот 2021-2027 год.  на кој учествуваат  градоначалници и претставници на општините од Североисточен, Источен и Југоисточен плански регион од Република Северна Македонија, како и општините од областите Благоевград и Ќустендил од соседна Бугарија.

На состанокот беа презентирани и резултатите од Програмата за прекугранична соработка за периодот 2014 -2020 година, а главна тема беше и соработката и координацијата меѓу националните и локалните власти, презентација на Програмата 2021-2027 г, а беа потенцирани и добрите практики.

Градоначалникот Трајковски ги презентираше резултатите на Општина Делчево од партнерскиот проект реализиран со Општина Блгоевград, „Енергетски ефикасно осветлување во регионот Благоевград-Делчево. Вредноста на Проектот изнесува 379 921,08 евра.

Во рамките на Проектот, Општина Делчево постави нови 760 ЛЕД диодни светилки во 7 нселени места во Делчево. При што обезбеди енергетски ефикасно улично осветлување во 7 села (с. Габрово, с. Звегор, с.Разловци, с. Вирче, с.Град, с.Тработивиште, с. Стамер) и дел од градот  Делчево; Инсталирани се 760 ЛЕД -диодни светилки од кои 600 светилки 28 вати, 110 светилки од 50 вати и 50 светлки од 100 вати. Сменето е 45% од вкупното јавно осветлување и напрвен е зштеда од 60%.

На состанокот учествуваше и премиерот на Бугарија, Кирил Петков и министерот за локална самоуправа во Владата на РСМ, Горан Милевски.

0Shares
0