Првоаприлски детски свет

Светскиот ден на шегата, 1 Април, ја разбуди фантазијата на дечињата во Делчево кои традиционално на овој ден, маскирани во своите омилени ликови, го одбележуваат денот посветен на шегата.

Во двете основни училишта во Делчево, учениците од одделенска настава од 1 до 4 одделение на третиот час имаа свои активности во кои доминираа шегата, играта и песната, зачинето со „априлили“, на тој начин, разбудувајќи ја детската фантазија и влегувајќи во првоаприлскиот детски свет.

Во детската градинка „Весели цветови“ дечињата донесоа богатство од насмеани лица и маски од најразлични главни ликови од бајките, но и од нашето секојдневие, како доктори, полицајци, потоа, спајдермени, буба мари, самовили, принцези.

Во најразлични земји од целиот свет, Денот на шегата секоја година се слави на 1 април. Понекогаш го нарекуваат и денот на сите шегаџии. Први април не е национален празник, но секаде се прославува како ден кога многумина прават разни шеги и забави под маски.

0Shares
0