Делчево дел од проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите

Општина Делчево е една од 24 –те нови партнер општини на Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурситеНа настанот насловен „Нови партнери за подобро општинско буџетирање“ во организација на Проектот на УСАИД, на кој присуствуваа претставници од Амбасадата на САД, претставници од министерствата за финансии и локална самоуправа, градоначалници, претставници од ЗЕЛС и меѓународната донаторска заедница, беа  промовирани и клучните предизвици и препораки за подобрување на процесот на буџетирање и меѓувладините капитални трансфери до единиците на локалната самоуправа. Воедно, на овој настан,  градоначалникот Горан Трајковски го потпиша Меморандумот за соработка за реализација на Проектот во Делчево.
Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите е петгодишен, а им помага на владините институции во земјава да ги соберат и самостојно да управуваат со ресурсите потребни за финансирање на услугите што ги бараат нејзините граѓани.

Инаку, со проектот на УСАИД во првата фаза беа опфатени 16 општини, а во втората  уште 24 општини добиваат можност да се организират, да се екипираат и да изградат капацитети за вршење на работите за кои се задолжени според законот. Новите партнерски општини со кои беа потпишани Меморандуми за соработка се: Делчево, Арачиново, Берово, Битола, Босилово, Брвеница, Виница, Град Скопје, Дебарца,  Демир Капија, Зрновци, Јагуновце, Кочани, Крива Паланка, Липково, Македонски Брод, Новаци, Ново Село, Охрид, Прилеп, Радовиш, Ранковце, Ресен и Теарце.

0Shares
0