Пригодна свеченост по повод 8 Април, Меѓународниот ден на Ромите

  • Новости

Во пресрет на Меѓународниот ден на Ромите, 8 Април, Општина Делчево денеска организира пригодна свеченост со почеток во 16 ч. во фоајето на Спомен-дом АСНОМ.

Во рамките на свеченоста, пригодно обраќање ќе има градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, како и советникот во Канцеларијата на Претседателот на  Владата, Аксел Ахмедовски, а ќе бидат доделени и паричните награди за најдобри ученици Роми во трите образовни институции во Делчево.

Покрај кратката програма подготвена од ученици, ќе биде приемиерно прикажан и документарниот филм „Небо – Точак – Земјанè не потесетува на минатото, туку филмот отвора нова перспектива на историјата на Ромите.  Сценарио: Зоран Димов / Рамуш Муарем – Цирко, продукција  на  СП БТРКопродукција: Студио 7. Документарниот филм е финансиски поддржан од Филмски Фонд на Република Северна Македонија. Снимен во:     Бугарија, Хрватска, Финска, Франција, Германија, Грција, Индија, Северна Македонија, Полска, Романија, Русија, Србија, Шпанија, Шведска и Турција.

Shares